Home ЗАБАВА Луд Свет Во весник прочитала дека е почината

Во весник прочитала дека е почината

SHARE

Една 35-годишна жена од Гетеборг се шокирала кога во еден локален весник ја видела својата фотографија со соопштение дека починала.

„Не напушти нашата драга ќерка, сестра и пријателка. Денес нашите срца се исполнети со тага“, гласело соопштението.

Жената за својата „смрт“ дознала од шведскиот локален весник „Geteborg Posten“.

„Без запрепастена, веднаш почнав да плачам и и се јавив на мајка ми. Не ми беше јасно што се случува“, раскажува таа.

Жената се јавила во редакцијата на весникот за да пријави дека е жива и здрава,а наишла на шокантна информација.

Од редакцијата и кажале дека соопштението и фотографијата биле донесени од маж кој тврдел дека е нејзин татко, а подоцна добиле и повик од жена која се претставила како нејзина сестра и потврдила дека е почината.

Шведската полиција истражува дали станува збор за закана или невкусна шега.

 

РЕКЛАМИ:
Loading...