Ненад Ѓоргиевски изминатиот викенд направи крштевка за својата прва дупла среќа, близнаците Иво и Љупка.
Македонскиот водител на социјалните мрежи сподели фотографии со кои го одбележа овој убав момент за семејството Ѓоргиевски.
На фотографиите Иво и Љупка се преслатки, но сепак стајлингот на Ненад и неговата сопруга Горана го привлекоа вниманието.
Тие се одлучија за летен стајлинг во жолта боја.
Честитки!