Home ЗАБАВА Занимливости Војник без нозе, но со големо срце, планира да скија до Јужниот...

Војник без нозе, но со големо срце, планира да скија до Јужниот пол

SHARE

Војник кој во експлозија на бомба во Авганистан ги изгубил двете нозе се надева дека ќе биде првото лице со таков инвалидитет кое ќе дојде до Јужниот пол.

Младиот водник, Данкан Слејтер, кој во 2009 година преживеал експлозија на бомба, минатата недела ја мина на Исланд, тренирајќи за овој предизвик на температури под нулата.

Овој 34-годишен Шкотланѓанец е еден од шесте лица со инвалидитет кои се надеваат дека ќе влезат во еден од четирите тимови за добротворната трка „Прошетка со ранетите“ до Јужниот пол, планирана за ноември.

Лекарите на Слејтер му кажале дека веќе никогаш нема да прооди, иако тој од тогаш научил да  скија, па сега сака да стане рекордер како прво лице со две ампутирани нозе кое на скии ќе дојде до најјужната точка на светот.

– Се надевам дека нема да бидам и последен кој ќе успее во овој предизвик. Би сакал и  други луѓе со инвалидитет, каков што имам јас, да појдат на истото патување, вели тој.

Тој во моментов се наоѓа на пробна мисија на Исланд, како што вели, за да научи да се прилагоди на екстремни услови.

-Беше тешко бидејќи не е лесно да се минат така големи километражи, вели тој.

Добротворната трка, организирана во 2011 годиан до Северниот пол, беше успешна, а во експедицијата последните неколку дена учествуваше и принцот Хари.

Минатата година истата фондација сакаше да организира качување на Монт Еверест со инвалидизирани лица, но беше откажано заради временските услови.

Трите тима за експедицијата до Јужниот пол ќе бидат избрани во следните неколку недели.

РЕКЛАМИ:
Loading...