Home ЗАБАВА Временска прогноза 12.09.2016: Умерено облачно со сончеви периоди

Временска прогноза 12.09.2016: Умерено облачно со сончеви периоди

SHARE

Денес е понеделник, 12 септември 2016 година, 256-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:06, а ќе зајде во 18:51 часот. Денот ќе трае 12
часа и 45 минути.

Во Македонија ова утро имаме умерено облачно време и топло време.
Локално има и појава на магла. Во крајните југоисточни и источни предели
има и сончеви периоди.

МАКЕДОНИЈА – Во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено
облачно со услови за повремени сончеви периоди. Попладне развој на
нестабилност која ќе донесе нестабилно време со врнежи од дожд, а
локално ќе има и појава на грмотевици. Без врнежи ќе останат централните
и северните предели од Македонија. Ќе дува доумерен источен,
североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од 11 до 19
степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 21
односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 3.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска не очекува умерено облачно време со сончеви
периоди и ветровито. Во доцните попладневни часови не се исклучува
можноста за сосема слаб дожд. Ќе дува доумерен северерен ветер.
Утринската температура од 18 степени, максималната дневна до 28 степени.
УВ индекс 3.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
– Од вторник стабилизација на времето во Македонија,
па во наредните денови не очекува претежно сончево време со свежи ноќи и
утра. Во утринските температури од 8 до 17 степени, а максиамлните од 22
до 33 степени. Во среда и четврток минималните температури ќе се движат
од 7 до 16 степени, додека пак дневните од 21 до 32 степени, односно од
22 до 33 степени. Во петок претежно сончево и топло време со максимални
температури кои ќе достигнат до 23 односно до 34 степени.