Home ЗАБАВА Временска прогноза 18.01.2017: Облачно време со врнежи од снег

Временска прогноза 18.01.2017: Облачно време со врнежи од снег

SHARE

Денес е среда, 18 јануари 2017 година, 18-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 06:52, а ќе зајде во 16:36 часот. Денот ќе трае 9 часа и 44
минути.

И ова утро имаме претежно облачно време со слаби врнежи од снег кои
постепено престануваат, додека пак во јужните предели имаме слаби врнежи
од дожд.

МАКЕДОНИЈА
– Денеска ќе преовладува облачно време со слаби врнежи од дожд
и снег, а над 400 метри со врнежи од снег. Во доцните попладневни и во
вечерните часови како и во текот на ноќта среда кон четврток врнежите ќе
се интензивираат и ќе бидат проследени со засилен ветер. Локално се
очекуваат да наврнат и над 20 сантиметри нов снег, додека на планините
ќе надминат и 40 сантиметри. Ќе дува доумерен засилен југоисточен и
источен ветер. Утринските температури од -6 до 3 степен, додека пак
максималните дневни од -3 до 5 степени.

СКОПЈЕ
– Во Скопје облачно време со слаби врнежи од снег и ветровито
време. Ќе дува доумерен засилен источен и југоисточен ветер. Утринската
температура од -1 степен, додека пак максималната дневна ќе достигне до
1 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Поинтензивните врнежи од снег ќе продолжат и во
четврток во утринските и претпладневните часови, а попладне врнежите ќе
престануваат. Максималните температури од -4 до 4 степени. Во петок
врнежите ќе престанат и во текот на денот се очекува претежно облачно и
студено време. Утринските температури од -9 до -1 степен, додека пак
максималните дневни од -3 до 5 степени. Во сабота и недела по котлините
појава на магла која што понекаде ќе се задижи и во текот на целуиот
ден, а во останатите предели умерено облачно со повремени сончеви
периоди. Утринските температури во опаѓање, од -10 до -2 односно од -11
до -3 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат идентични од -4
до 4 степени.

РЕКЛАМИ:
Loading...