Home ЗАБАВА Временска прогноза 28.07.2016: Претежно сончево со појава на локална облачност.

Временска прогноза 28.07.2016: Претежно сончево со појава на локална облачност.

SHARE

Денес е четврток, 28 јули 2016 година, 210-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:19, а ќе зајде во 19:59 часот. Денот ќе трае 14 часа и 40
минути.

Претежно сончево и топло време имаме ова утро во Македонија.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во текот на денот ќе имаме претежно сончево
време со локална облачност и топло. Во попладневните часови во
северозападните, западните и југозападните предели со услови за локални
врнежи од дожд и грмотевици, а во доцните попладневни и во вечерните
часови услови за врнежи ќе има и во регионите на Скопје, Куманово и
Кратово. Ќе дува доумерен слаб југозападен и југоисточен ветер.
Утринските температури од 11 до 21 степени, додека пак максималните
дневни ќе достигнат до 25 односно до 36 степени. УВ индексот ќе има
вредност 7.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево со појава на локална
облачност. Во доцните попладневни и во вечерните часови со услови за
врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб југозападен ветер. Утринската
температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 34
степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок претежно сончево со локална
облачност и топло. Попладне во северозападните, западните и
југозападните предели нестабилно со услови за врнежи од дожд.
Максималните температури од 26 до 37 степени. Во деновите од викендот
како и во понеделник нашата држава ќе биде под влијане на поле на висок
воздушен притисок и јужно воздушно струење кои ќе условат сончево и
многу топло време со константен пораст на температирите. Максималните
температури во сабота ќе се движат од 28 до 38 степени, во недела од 29
до 39 степени, а во недела тие ќе достигнат до тропски 30 односно 40
степени и висока вредност на ув индексот.

РЕКЛАМИ:
Loading...