Home ЗАБАВА Временска прогноза 28.09.2016: Сончево и топло

Временска прогноза 28.09.2016: Сончево и топло

SHARE

Денес е среда, 28 септември 2016 година, 272-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:22, а ќе зајде во 18:23 часот. Денот ќе трае 12
часа и 00 минути.

Денот го започнуваме со уште едно ведро и студено утро, но во текот на
денот не очекува потопло време. Насекаде над Македонија е ведро без
никаква облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во среда по студеното и понекаде магловито утро, во текот
на денот ќе биде претежно сончево и малку потопло време од вчера. Ќе
дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер, а во крајните
западни предели и источен ветер. Утринските температури од 0 до 10
степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 17 односно до 27
степени. Воздушниот притисок ќе го продолжи трендот на пораст и ќе има
вредност околу 1028 хектопаскали а ув индексот ќе изнесува 5.

СКОПЈЕ – Во Скопје по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно
сончево и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 7
степени, а максималната дневна до 24 степени. УВ индекс 5.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во четврток сончево и потопло време со
температури кои ќе бидат повисоки од прсечните за овој период од
годината и ќе се движат од 20 до 30 степени. Во петок и сабота не
очекува и пораст на утринските температури кои ќе се движат од 3 до 12
степени, додека пак во текот на денот сончево и топло време со
температури од 21 до 31 степен. Во недела потопло утро со температури од
5 до 14 степени, во текот на денот претежно сончево со локална облачност
и топло време со максимални 21 односно 31 степен.

РЕКЛАМИ:
Loading...