Home ЗАБАВА Секојдневие Временска прогноза за 13 јануари: Нестабилно со врнежи од дожд и ветровито

Временска прогноза за 13 јануари: Нестабилно со врнежи од дожд и ветровито

SHARE

МАКЕДОНИЈА

Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито.

Во југоисточните и источните предели ќе биде умерено облачно со сончеви периоди.

Ветерот ќе слабее, па во среда ќе дува доумерен слаб југозападен и западен ветер, кој во западните предели ќе достигне брзина до 30 км/ч.

Температурите ќе бидат во опаѓање, утринските ќе се движат од -3 до 4 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 14 степени.

Воздушниот притисок ќе има вредност околу 1013 хектопаскали.

СКОПЈЕ

Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југозападен ветер. Утринската температура од 3 до 10 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА

Во четврток по студеното утро, во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди и максимални температури од 4 до 13 степени.

Во петок умерено облачно со врнежи од дожд, над 1200 метри со врнежи од снег, максималните температури од 4 до 13 степени.

Во сабота облачно со врнежи од дожд а над 700 метри со врнежи од снег. Во попладневните и вечерните часови врнежите ќе се спуштат и во пониските предели проследени со засилен ветер.

Во недела облачно со врнежи од снег, ветровито и студено со дневни температури од -2 до 3 степени.

Во соработка со: weather4all

РЕКЛАМИ:
Loading...