Home ЗАБАВА Секојдневие Временска прогноза за 21 јуни првиот летен ден

Временска прогноза за 21 јуни првиот летен ден

SHARE

Денес е вторник, 21 јуни 2016 година, 173-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 04:54, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 12
минути.

Денес, на 21 јуни, во 00 часот и 34 минути, на северната полутопка и во
Македонија започна летото. На северната полутопка овој вторник ќе биде
најдолгиот ден во годината, а на јужната полутопка пак, ќе биде
најкраткиот ден.

Oвој прв летен ден го започнуваме во сончево и топло време насекаде низ
Македонија

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде претежно сончево со појава на
локална облачност и потопло. Ќе дува доумерен југоисточен и источен
ветер. Утринските температури од 11 до 21 степен, додека пак
максималните дневни температури ќе достигнат до 28 односно до 39
степени. УВ индексот ќе има вредност 9 затоа бидете внимателни и
избегнувајте излегување на сонце во периодот од 10 до 17 часот.

СКОПЈЕ – Во Скопје денес ќе биде претежно сончево со појава на локална
облачност и топло. Слаб ветер. Утринската температура од 19 степени, а
максималната дневна ќе достигне до 37 степени. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во среда и четврток сончево и топло со
благо опаѓање на максималните температури кои ќе се движат во интервал
од 27 до 38 степени и ув индекс со вредност 9, со напомена дека во среда
во областа околу Шар Планина можни се локални врнежи. Во петок претежно
сончево со локална облачност и топло, попладне во северозападните и
западните предели нестабилно со услови за локални врнежи од дожд.
Дневните температури од 27 до 38 степени. Во сабота претпладне претежно
сончево со локална облачност, попладне и навечер нестабилно со врнежи од
дожд и грмотевици и максимални температури кои ќе се движат од 26 до 37
степени.

РЕКЛАМИ:
Loading...