Home ЗАБАВА Секојдневие Временска за 12 април: Сончево, потопло но и ветровито

Временска за 12 април: Сончево, потопло но и ветровито

SHARE

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во утринските часови во западните и
северозападните предели постојат услови за појава на слаба магла. Во
текот на денот ќе биде сончево, потопло и ветровито. Ќе дува доумерен
северен и северозападен ветер  кој ќе достигне брзина до 35 км/ч. Поради
овој северен ветер утринските температури ќе бидат во пониски и ќе се
движат од 1 до 9 степени, додека пак максималните температури ќе бидат
во пораст и ќе достигнат до 17 односно до 27 степени. УВ индексот ќе има
вредност 6.

СКОПЈЕ – Во Скопје во вторник ќе биде сончево и потопло но и ветровито.
Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 7
степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 24 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во наредните денови ќе биде претежно
сончево со локална облачност и температури кои ќе бидат повисоки од
вообичаените за овој период од годината. Во среда сончево и топло, во
доцните попладневни и во вечерните часови зголемување на облачноста.
Максималните температури од 19 до 29 степени. Облачноста ќе остане над
Македонија и во текот на ноќта среда кон четврток што ќе услови за
повисоки утрински температури во четврток. Во четврток и петок сончево и
топло со температури од 20 до 29 степени односно од 18 до 27 степени.
Во сабота претежно сончево со локална облачност и топло. Дневните
температури ќе достигнат до 21 односно до 29 степени.

РЕКЛАМИ:
Loading...