Home ЗАБАВА Секојдневие Временска за 7 јуни: Ветровито и топло

Временска за 7 јуни: Ветровито и топло

SHARE

Денес е вторник, 7 јуни 2016 година, 159-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 04:54, а ќе зајде во 20:09 часот. Денот ќе трае 15 часа и 15
минути.

Ова утро во Македонија имаме претежно облачно време. Поради облачното
време имаме и малку повисоки утрински температури. Сончеви периоди има
само во крајните западни предели.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во утринските часови ќе биде умерено
облачно. Оваа облачност веќе претпладне ќе се намалува и се очекува
претежно сончево време со локална облачност и ветровито. Попладне во
североисточните, источните и југоисточните предели нестабилно со врнежи
од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен засилен северозападен и
североисточен ветер, а во југоисточните предели попладне југоисточен
ветер. Утринските температури од 8 до 19 степени, а пак максималните од
19 до 29 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ – Во Скопје по облачното утро, во текот на денот ќе биде претежно
сончево со локална облачност, ветровито и топло. Ќе дува доумерен
северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а
максималната до 26 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда во Македонија ќе биде претежно сончево со
локална облачност, а во попладневните часови во североисточните,
источните како и југоисточните предели нестабилно со услови за врнежи од
дожд и грмотевици и температури од 18 до 28 степени. Во четврток, петок
и сабота идентични временски услови. Во претпладневните часови претежно
сончево, попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици.
Во четврток и петок дневните температури ќе се движат од 19 до 29
степени, додека пак во сабота од 21 до 31 степен

РЕКЛАМИ: ---