Home ЗАБАВА Tv + Reality Врнат милиони! Еве колку заработува Ким Кардашијан

Врнат милиони! Еве колку заработува Ким Кардашијан

SHARE

Нема човек на Запад кој не знае која е Ким Кардашијан Вест. Нејзиниот татко, Роберт, стана познат во медиумите како пријател на О.Л. Симпсон, во чие адвокатско друштво беше во судењето за две убиства во 1995-та година, но нејзината мајка, Крис, веќе беше во брак со друг медиумски познат лик Брус (сега Кејтлин) Џенер. Семејството веќе беше добро познато во Соединетите Американски Држави во тоа време, а во 2006-та година добија понуда за снимање на реално шоу од нивниот живот кое започна со емитување насловено како „Keeping Up With The Kardashians” .

Серијата е толку популарна што семејството Кардашијан минатата година, по прославата на десетгодишнината од емитувањето, потпиша договор со Е! дека ќе емитува уште пет сезони. Семејството добива $ 30 милиони долари по епизода, според TMZ, од кои најголем дел од колачот и припаѓа на Ким, која, наводно, добива дополнителни пет милиони долари за секоја епизода во која се појавува нејзиниот сопруг Канје Вест.

Но, Ким работи многу добро надвор од семејството. Таа има своја игра „Ким Кардашијан: Холивуд” презентирана во 2014-та година, што и носи 25 милиони долари годишно, според Форбс. Освен тоа, има апликација „Kimoji“, која ја презентираше во 2016-та година и и носи милион долари во минута, според Њујорк Пост, како и линија на производи за убавина „KKW Beauty, која и носи десетици милиони долари годишно, и линијата на парфеми кои беа претставени во ноември минатата година, од кои заработи 10 милиони долари во првиот ден.

Покрај тоа, Ким рекламира разни производи на своите социјални мрежи, а брендовите ја плаќаат и половина милион долари за една публикација.

Додека многумина продолжуваат да тврдат дека не е славна личност, Ким Кардашијан за нејзиното богатство може да се заблагодараи (освен на богатите родители на Роберт Кардашијан, од кои семејството го наследи богатството) на домашните порнографски снимки, кои се појавија во 2007-ма година, неспорно е дека Ким е една од највлијателните жени во медиумскиот простор денес.

Сето тоа ја донесе минатата година на листата на 50 најбогати личности на Форбс, а нејзиното богатство се проценува на 175 милиони долари и продолжува да расте.