Home INFO Втора шанса за Џенифер Лопез и Бен Афлек, еве зошто раскинаа првиот...

Втора шанса за Џенифер Лопез и Бен Афлек, еве зошто раскинаа првиот пат

реклама:hotel PREMIER

Актерката и пејачка Џенифер Лопез, на својот Фејсбук профил преку видео објава ја потврди веридбата со Бен Афлек.

Парот се вери по вторпат, откако требаше да се венчаат во 2003 година.

Џеј Ло и Бен Афлекс е запознале во 2002 година, а нивното познанство се претвори во емотивна врска.

И тогаш како и сега, парот константно беше следен од страна на медумите, кои им го дадоа прекарот „Бенифер“.

Во ноември 2002, Афлек ја запроси латино дивата со прстен вреден 2.5 милиони долари.

Но милионски вредниот прстен не помогна да се зачува врската, а свадбата која беше закажана на 14 септември 2003 година во Санта Барбара, беше откажана од страна на Бен Афлек и тоа само неколку часа пред да започне.

– Мислев дека нашата врска е бајка. Сонував за деца, а тој ме понижи како никој друг во мојот живот – призна Џенифер тогаш.

И Бен Афлек во интервјуата зборуваше за тоа како се гушел во таа врска и дека медиумите се виновни за нивното раскинување бидејќи постојано биле следени. Тој тогаш ја обвини Лопез дека му стагнирала кариерата поради врската со неа.

Останува времето да покаже дали овојпат Џеј Ло конечно ќе го каже судбоносното ДА.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------