Home ЗАБАВА Занимливости Вторник е најопасен ден за возење

Вторник е најопасен ден за возење

SHARE

Најопасeн ден за возачите е вторник помеѓу шест и девет часот наутро кога се случуваат најмногу автомобилски несреќи.

Ова го докажува последното истражување, но и предупредување кое доаѓа од канадските истражувачи.

Главната причина за несреќи во тоа време на денот е нервозното однесување на патот и брзото возење.

Истражувачите од Центарот за зависности и ментално здравје во Канада анализирале 5.624 случаи во период од осум години. Како резултат на тоа се идентификувани главните причини за несреќи на патиштата.

Меѓу нив се ризично возење, забрзување, недоволно растојание, употребата на мобилни телефони за време на возењето и др.

Најголем дел од патните несреќи се регистрирани во вторникот. Вториот најголем опасен ден е недела.

А, месецот кога има најмногу смртни случаи предизвикани од сообраќајни несреќи е септември, а најмногу безбедна со помалку несреќи е јуни.

РЕКЛАМИ:
Loading...