Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Yahoo: 2013 година во знакот на Мајли Сајрус

Yahoo: 2013 година во знакот на Мајли Сајрус

SHARE

Интернет пребарувачот Yahoo објави дека најпребарувана личност на Yahoo годинава била Мајли Сајрус (21).

Со ова, таа ја симна од тронот минатогодишната господарка Ким Кардашијан.

Вниманието го привлече со раскинувањето со глумецот Лиам Хемсворт потоа, со провокативниот танц на доделувањето на МТВ наградите, но и со објавувањето на новиот албум „Bangerz“.

Едни од најбараните вести на Yahoo беа оние од судењето на Џони Аријас, која во мај беше прогласена за виновна за убиството на нејзиното момче Тревис Александар, а сето тоа го привлече интересот на јавноста поради бизарните сведочења и доказниот секс материјал.

Американскиот претседател Барак Обама беше најпребаруваниот политичар на Yahoo.

Неодамна со ваква статистика излезе и Мајкрософт, наведувајќи дека на нивниот пребарувач Бинг најбарана личност била Бијонсе, додека во случајот на сервисот Spotitv, музичката година која останува зад нас минала во знакот на двоецот Маклмор и Рајан Луис.

РЕКЛАМИ: ---