Home INFO Загадувањето во градот влијае врз белите дробови на децата

Загадувањето во градот влијае врз белите дробови на децата

реклама:ХитКујна канал

Една студија покажала дека ризикот од развој на карцином на белите дробови кај децата кај оние кои живеат на 50 метри од прометна улица е за 10 пати поголем, открива BBC.

Истражувањето спроведено во 13 градови во Велика Британија и Полска укажало на тоа дека поради загадувањето на воздухот е поверојатно да се развијат срцеви заболувања, мозочен удар, срцева слабост и бронхитис.

Испитувањето покажало дека загадувањето на воздухот го успорил развојот на белите дробови за околу 14% во Оксфорд, 13% во Лондон, 8% во Бирмингем, 5% во Ливерпул, 3% во Нотингем и 4% во Саутемптон.

Намалувањето на загаденоста на воздухот за една петтина во споменатите градови ќе резултира со намалување на бојот на случаи на бронхитис кај децата.

– Загадувањето на воздухот на невидлив начин негативно влијае врз нашето здравје, а осеобено врз здравјето на нашите деца – рекол д-р. Роб Хјуз, соработник на Фондацијата Чист воздух.

– Истражувањето открива јавна здравствена криза која ги погодува луѓето низ Велика Британија, што укажува дека сите политички партии мора да му дадат приоритет на чистиот воздух во градовите – додал тој.

За чист воздух се смета оној кој во текот на целата година не содржи повеќе од 40 микрограми азот диоксид на кубен метар

РЕКЛАМИ:
Loading...