Home ШОУ БИЗз Балкан Заплака на бина: Северина запеа со идниот свекор

Заплака на бина: Северина запеа со идниот свекор

SHARE

Додека Драган Којиќ – Кеба пеел, Северина цело време стоела покрај сцената и разменувала бакнежи со неговиот син, Игор, пишува српски Курир.

Со нив била и мајката на Игор, Оља, но и многу телохранители кои не дозволувале да се пријде до сцената.

Кеба со Северина ја отпеал песната „Срце куца твоје име“, а илјадници обожаватели во Лозница нивната изведба ја испратиле со овации.

– Прв пат сум на концерт на Кеба, жал ми е што не сум била и претходно, рекла Северина и идниот свекор го бакнала во образ.

Тогаш на сцената дошол Игор и со Северина одиграл валцер.

северина и игор

Пејачката толку се разнежнила што заплакала.

Северина и Игор се во врска од февруари оваа година, а секој слободен момент го поминуваат заедно.

северина игор и кеба

РЕКЛАМИ:
Loading...