Home ЗАБАВА Патување Затворено најголемото лизгалиште во светот

Затворено најголемото лизгалиште во светот

SHARE

Најголемото лизгалиште на отворено во светот, што се наоѓаше во канадскиот главен град Отава, од вчера престана со работа.

Лизгалиштето беше со должина од 7,8 километри и се наоѓаше на дел од каналот Ридо, кој ги поврзува езерото Онтарио и реката Отава.

Широчината на лизгалиштето варираше од 20 до 70 метри, а неговата вкупна површина изнесуваше околу 165.600 метри кавдратни.

Оваа несекојдневна атракција беше отворена на 18 јануари и во изминатиов период ја посетија околу 850.000 лица.

РЕКЛАМИ:
Loading...