Home INFO Зависник од алкохол и коцкање: Ова е таткото на пејачката Марија Шерифовиќ

Зависник од алкохол и коцкање: Ова е таткото на пејачката Марија Шерифовиќ

SHARE

Познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ, пред неколку години сними документарен филм за себе, каде за прв пат откри како изгледаше нејзиниот живот покрај алкохоличар.

Станува збор за нејзиниот татко Раја, кој физички ги малтретирал пејачката и нејзината мајка Верица Шерифовиќ.

Во едниот дел во филмот „Исповед“ се појави и таткото на Марија, Раја, кој призна дека ги изгубил ќерката и сопругата поради неговите глупости.

„Марија ништо не виде од лошиот одност меѓу мајка и и мене. Знам дека беше против тоа што го правев. Бев многу постар од Верица и бев коцкар пред таа да ми стане сопруга. Кога се роди Марија требаше да се откажам од коцката, но неможев. Секако јас сум виновен, само јас. Сега живеам сам во триста квадрати“, изјави тогаш таткото на Марија.

РЕКЛАМИ:
Loading...