Home СПОРТ Кошарка Заврши сезоната за Коби Брајант

Заврши сезоната за Коби Брајант

SHARE

Со недели се одложува враќањето на Коби Брајант на кошаркарските терени, но последните прегледи покажаа тоа најверојатно нема да се случи оваа сезона.

Американските медиуми очекуваат Лејкерс до крајот на неделава официјално да потврдат дека Брајант ја завршил сезоната.

По само пет одиграни натпревари, на средината од декември, тој го повреди коленото откако претходно паузираше половина година поради операција на Ахиловата тетива.

Во меѓувреме, Коби Брајант доби нов двегодишен договор вреден 48,5 милиони долари. Со оглед на тоа што Лејкерс играат очајна сезона и во моментов се при дното на Западната конференција со биланс од 22 победи и 42 порази, веројатно е дека ќе сакаат да го задржат тој ефект до крајот на сезоната за да имаат поголеми шанси за избор на првиот пик на драфтот.

Повеќе спорт на: sportclub.mk

РЕКЛАМИ:
Loading...