Home КУЛТУРА Театар Завршува „Панфиз 2012“

Завршува „Панфиз 2012“

SHARE

Со претставата „Собирачот“ на M Studio Movement Theatre, од Романија, на сцената во Универзалната сала, ќе биде затворен петтиот Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз 2012“.

Вечерва е доделувањето и на наградата и затворање на фестивалот.

Во рамките на фестивалот, на неколку сцени се одржаа претстави, работилници и перформанси.

Театар на гости од Аргентина, се претставија со претставата „Мимови во акција“. Беше промовирано ДВД со пантомимски перформанс направено во МНТ.

За добитникот на наградата за најдобра претстава на годинашниот фестивал ќе решаваат актерката и режисерка Ѕвездана Ангеловска (претседател на жирито), актерот Дарко Велиќ и драматургот Дарко Спасов (членови).

Извор: Инпрес

РЕКЛАМИ:
Loading...