Home КУЛТУРА Настани Зборот „култура“ е збор на годината за 2014-та

Зборот „култура“ е збор на годината за 2014-та

SHARE

Според изборот на американскиот речник „Меријам Вебстер“, зборот „култура“ е збор на годината за 2014-та.

„Култура“, така се приклучи на збор „вејп“ (vape), што го означува пушењето на електорнски цигари, што беше избор на „Оксвордскиот речник“ и „изложување“ (exposure), која е избор на годината на Dictionary.com поврзан со епидемијата на еболата.

На второ место по популарност, според американскиот речник „Вебстер“, е зборот „носталгија“, благодарејќи на 50-годишницата од почетокот на движењето на слободата на говорот, „раѓањето“ на „Форд Мустанг и зачетоците на британската музичка инвазија преку „Битлси“, кои пред половина век првап стапнаа на тлото на САД.

Уредникот на речникот, Питер Соколовски објасни дека во последно време „почесто го користиме зборот култура“ и дека е од анализата на 100 милиони пребарувања на сајтот на речник, „кулутра“ има раст од 15 отсто од година во година.

Зборот „култура“, додава тој, не означува култура во најтесна смисла на зборот, туку во игра е и клутура на транспарентност во државните и работните институции, кулутра на познати личности, кулутра во спортот, кулутра во пиењето кафе…

Култура збор

МИА

РЕКЛАМИ:
Loading...