Home INFO Здравко Чолиќ за влакно избегнал ќотек на македонска граница

Здравко Чолиќ за влакно избегнал ќотек на македонска граница

SHARE

Познато е дека јавните личности, благдарение на својата популарност имаат многу привилегии.

Познатиот пејач Здравко Чолиќ, во едно интервју дадено за медиум од соседството открил дека еднаш ја искористил својата популарност и имал привилегија, но поради ова за малку ќе настрадал.

– Во суштина никогаш не сум го користел името за да имам некои привилегии, во странство луѓето никогаш и не ме препознаваат. Се сеќавам дека еднаш, тогаш мојата ќерка беше мала и тргнавме на одмор во Порто Карас, но на граница имаше голема гужва. Цариникот ме препозна и ми понуди да застанам помеѓу два турски шлепери за побрзо да ја поминам царинската зона. Така и направив, но шоферите беа нервозни што паркирав меѓу нив и сакаа да ме линчуваат, а цариникот не можеше да ме заштити. Кога тргнаа да се пресметуваат со мене, се правдав дека надлежниот ме пушти, но џабе, не ме слушаа. За среќа се добро заврши, но сериозно можев да настрадам, открива Чола.

РЕКЛАМИ: ---