Home КУЛТУРА Кино „Жената што ги избриша своите солзи“ премиерно и во Охрид

„Жената што ги избриша своите солзи“ премиерно и во Охрид

SHARE

Од вечерва до сабота во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се прикажува новиот филм на македонската режисерка Теона Стругар Митевска.

По  скопската и битолската премиера, ексклузивно премиерата на успешниот македонски филм  „Жената што ги избриша своите солзи“, ќе биде достапна и за охридската публика. Ова е втора по ред премиера на македонски филм во Охрид за годинава.

Филмот беше прикажан на неколку фестивали, светски и домашни. Новото остварување на режисерката Митевска беше оценет како врвен  од страна на критиката, а позитивни импресии изразија и членовите на странската екипа која соработуваше со Митевска.

Од Центарот за култура во Охрид се надеваат повторно на голема посетеност за време на прикажувањето на проекциите во наредните денови.

Инаку, со македонската премиера на „Жената што  ги избриша своите солзи“, беше затворено годинешното издание на „Скопскиот филмски фестивал“.

Предходно филмот светската премиера ја имаше минатата година на „Берлинале“, каде што, според големиот медиумски интерес, сестрите и братот Митевски, како и нивната продукција се  познати и омилени гости на овој фестивал.

Филмот претставува   трауматична приказна за две жени од различни поднебја. Нивните приказни се испреплетуваат на мошне чуден начин.

Извор: Инпрес

РЕКЛАМИ:
Loading...