Home LIFE STYLE Љубов и секс Истражување: Жените најмногу вртат кај партнерот!

Истражување: Жените најмногу вртат кај партнерот!

SHARE

Сингл жените најчесто ги бараат најдобрите пријателки, а пак зафатените својте партнери.

Мажите најмногу сакаат да и се јават на својата жена во првите седум години од врската, а потоа на пријателите.

Тоа се менува во оној момент кога нивните ќерки се доволно стари и имаат свои деца, па тогаш тие стануваат најважните луѓе во нивниот живот, открива истражувањето направено во Оксфорд заедно со британските мобилни оператори.

Истражувањето било спроведено на три милиони луѓе.

[pullquote_right]Жените се потикнувачи на романтиката и повеќе им се јавуваат на своите партнери отколку на било кој друг.[/pullquote_right]

Мажите им се јавуваат на своите партнерки и интензивно комуницираат преку СМС во првите седум години од нивната врска, но по овој период почесто ги бараат пријателите.

– Ова открива дека поврзувањето и романтиката по пат на мобилен телефон е потикнато од жените, на кој оваа блискост им е поважна отколку на мажите – заклучува креаторот на ова истражување, професор Робин Дунбар.

Тој смета дека тоа е прв силен доказ дека жените се иницијатори на романтика.

Истражувањето било спроведено на три милиони луѓе.
Истражувањето било спроведено на три милиони луѓе.

Друштвениот живот на жените се ориентира кон еден поединец, а фокусот се поместува како резултат на нејзиниот репродуктивен инстинкт. Прво како биле партнери на мажот, второ да станат мајки, а потоа да бидат подршка на своите ќерки и станат баби.

– Машките врски со луѓето се многу поопуштени, додека жените се многу сериозни и понапредни – нагласува Дунбар.

Тој верува дека денешното друштво постепено се претвара во матријархат во кој жените го имаат главниот збор, за разлика од повеќе вековниот патријархат каде доминира човековата заедница.

РЕКЛАМИ:
Loading...