Home LIFE STYLE Љубов и секс Жените се сексуално најактивни во пролет, а мажите во есен

Жените се сексуално најактивни во пролет, а мажите во есен

SHARE

Норвешките научници уште еднаш потврдија дека мажот и жената се различни.

Најромантично годишно време за жените е пролетта, а претставниците на посилниот се сексуално најактивни во есен, покажуваат резултатите од нивното истражување.

Авторите на истражувањето сметаат дека сексуалната привлечност кај жените зависи од количината на сончева светлина.

„Жените го следат сонцето кога станува збор за секс, додека кај мажите сонцето нема големо влијание. Но и кај двата пола, загубата на сексуална енергија е најголема во декември“ додаваат тие.

[pullquote_left]Жените се сексуално најактивни во април и мај, додека мажите во август[/pullquote_left]

Овој резултат ги зачудил научниците кои сметале дека сексуалниот врв кај мажите и жените се совпаѓа.

Овие факти тие ги објаснуваат со тоа што сончевата светлина влијае на нивото на хормони во организмот, како ендорфин.

Женската сексуалност е понестабилна, отколку машката , а на тоа влијае циклусот и хормоналните промени.

Машкиот организам произведува постојано тестостерон, додека нивото на женскиот хормон зависи од многу фактори, вклучувајќи ја и сончевата светлина.

РЕКЛАМИ:
Loading...