Home ЗАБАВА Луд Свет Зеница: Нуди порничи во замена за гласови

Зеница: Нуди порничи во замена за гласови

SHARE

Многу необична, а по многумина и луда предизборна кампања, овие денови стана вистински хит во Босна и Херцеговина.

Имено, кандидатот за градоначалник на Зеница, Мирад Хаџиахметовиќ, потенцијален кандидат, ветува брда и долини, па во замена за гласовите на граѓаните нуди нешто навистина несекојдневно – порно снимки.

На неговата веб страна постојат две рубрики – „за медиуми“ и „за возрасни“.

Во рубриката за претставниците на седмата сила, Хаџиахметовиќ ги презентира своите идеи за решавање на клучните проблеми за граѓаните на Зеница, додека „делот за возрасни“ нуди разни порно снимки и тоа во три рубрики: „секс клипови кои му се допаѓаат на градоначалникот“, „клипови за девојки и геј“ и „клипови за момци и лезбејки“.

За да ги отворите снимките, ќе мора да одговорите на некои од неговите „трик“ прашања.

Веб страната на Хаџиахметовиќ погледнете ја ОВДЕ!

РЕКЛАМИ:
Loading...