Home ЗАБАВА Занимливости Зграда со 120 станови се продава за само едно евро!

Зграда со 120 станови се продава за само едно евро!

SHARE

Кулата со број 27 во париската општина Вињо сур ла Сеин, изградена е во 1960 година, во неа има 120 станови кои државата ги субвенционирала, а била планирана за уривање во 2006 година.

Во меѓувреме, општината се откажала од тоа и во план е реконструкција на ова здание во рамки на проектот за урбано обновување и одржување на стариот дух на градот.

Кандидатите заинтересирани за реконтрукција на градежништвото имаат рок до 30 април да поднесат понуди до општината.

Зградата би требало да биде обновена до 2016 година, а наместо социјални станови во неа би требало да бидат сместени уметнички атељеа.

Стотина станари кои сѐ уште живеат во зградата треба да бидат преселени и да се сместат на друга локација.

РЕКЛАМИ: ---