Home ЗАБАВА Жените не сакаат цвеќе и чоколади за 8-ми март

Жените не сакаат цвеќе и чоколади за 8-ми март

SHARE

За Денот на жената, припадничките на понежниот пол на подарок сакаат да добијат нешто поразлично од традиционалните чоколади и цвеќиња.

Шест од десет мајки и баби се надеваат дека децата ќе им приготват нешто поразлично од традиционалните подароци со кои се навикнати.

Една четвртина од нив би сакале да им понудат ново хоби.

Една третина од мајките сакаат подарокот да е поврзан со нивниот интерес, а три четвртини „сакаат да научат нови работи и да имаат нови предизвици“, па сонуваат за нешто трајно и инспиративно.

„Денешните мајки точно знаат што сакаат. Истражувањата ни покажуваат дека тие сакаат да бидат изненадени со креативни и интересни подароци“, вели Џил Џексон кој ја направиви оваа анкета за сајтот Love to Learn.

Биле анкетирани и оние кои подаруваат на овој празник. Според одговорите има голема разлика помеѓу она што жените го сакаат и го добиваат.

Секој трети анкетиран признал дека купува чоколади или цвеќе.

А, повеќе од половина признаваат дека се прашуваат каков подарок да купат, а 20 проценти не купуваат ништо.

Само 43- проценти на своите мајките или сопруги се трудат да им подарат нешто различно.