Home INFO Животната приказна на Јелена Карлеуша: Немала пари ниту за чорапи, а денес...

Животната приказна на Јелена Карлеуша: Немала пари ниту за чорапи, а денес е модна икона(ВИДЕО)

SHARE

Јелена Карлеуша на музичката сцена се појави во далечната 1995 и уште од тогаш го привлече вниманието на јавноста.

Во текот на нејзината кариера, пејачката многупати е мета на осуди и критики а нејзиниот почеток бил мошне тежок.

Она што Карлеуша го откри во една емисија, изненади многумина.

Имено таа и нејзината мајка Дивна биле во исклучително тепка финансиска состојба, па на почетокот од својата кариера таа неможела да си дозволи да ги купи ниту основните потребни работи.

За нејзиниот стил денес пишуваат и светските медиуми, но на почетокот не било така.

“Кариерата ја почнав за време на војната а она што сакав да го носам ниту имав од каде да го купам ниту пак имав со што. Многу често немав пари ниту за чорапи. Се сеќавам на моето прво телевизиско гостување на РТС, имав страшна трема. Носев фустанче сошиено од некој сребрен позајмен материјал. Имав смешна фризура и премногу шминка за 16 годишно девојче” – раскажува Јелена.

Ова видео го сподели фан страна посветена на Карлеуша.

“Во животот не е се мед и млеко. Нареден пат кога ќе помислите да плукате по оваа личност, само сетете се на видеото. Како таа почнала од нула а видете ја сега… “- стои во описот на видеото.

РЕКЛАМИ:
Loading...