Home СПОРТ Фудбал Зидан ќе одлучи дали Герет Бејл ќе биде дел од Реал

Зидан ќе одлучи дали Герет Бејл ќе биде дел од Реал

SHARE

Некогашниот најдобар светски фудбалер Зинедин Зидан треба да се изјасни пред раководните луѓе во Реал Мадрид за тоа дали клубот треба да одвои 55 милиони фунти за трансфер на играчот на Тотенхем Герет Бејл.

Зидан во четвртокот го следеше настапот на Бејл со Тотенхем против Олимпик во Лион на натпревар од Лига Европа. Бејл го одигра целиот меч, а неговиот Тотенхем извлече 1:1, доволно за пласман во следната фаза, највеќе поради двата гола на Бејл во првиот дуел.

Повеќе клубови се заинтересирани за услугите на 23-годишниот Велшанин, а дали Реал ќе успеа да го ангажира, меѓу другото ќе зависи и од стручните препораки на Зидан.

Голем интерес за младиот Бејл покажува и Баерн Минхен.

Герет Бејл
РЕКЛАМИ:
Loading...