Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Зое Салдана ја сака „кучешката поза“

Зое Салдана ја сака „кучешката поза“

SHARE

Тајната не е тајна ако не се издаде!

Холивудските ѕвезди Зое Салдана, ѕвездата на филмот „Аватар“, Гвинет Палтроу и Џејн Фонда во ТВ серијата „The Conversation“ ги откриле тајните од нивните спални соби.

Зое Салдана, која важи за една од најубавите актерки во Холивуд, а која до неодамна беше во врска со Бредли Купер, ѕвездата на филмот „Мамурлак“, била најискрена за своите интимни детали:

„Вистина е дека ја сакам мисионерската поза. Но, сакам и да бидам на колена, ја сакам кучешката поза, како и да водам љубов стоечки“, рекла Зое.

На другата страна, Гвинет Палтроу, сега сопруга на Крис Мартин, а порано за малку сопруга на Бред Пит (беше верена со него и во врска од декември 1994 година до јуни 1997 година), не била толку речита:

„Сакам да бидам долу“, изјавила пејачката која од 2003 година е во брак со фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин.

Џејн Фонда пред камерите се пофалила дека има флексибилно тело и во 74-та година од животот.

„Сакам класичен секс, мисионерска поза. Исто така, сакам седејќи да водам љубов на фотеља или тросед затоа што имам вештачко колено“, рекла Фонда низ смеа.

На Шерил Кол и недостига секс

Британската пејачка, Шерил Кол која во повеќе прилики беше одбрана на листите за најсексипилната жена на светот, во интервју за списанието „GQ“ признала дека и недостига секс откако се разведе од сопругот Ешли Кол.

„Јас сум жена која сака секс и тој ми недостасува. Обожувам деца, опседната сум со бебиња. Знам дека дојдов ан Земјата за да бидам мајка“, изјавила Шерил и стакнала дека принцот Хари и е многу симпатичен.

РЕКЛАМИ:
Loading...