Home ЗАБАВА Занимливости Зошто жените ги болат градите пред менструација? – Еве одговор

Зошто жените ги болат градите пред менструација? – Еве одговор

SHARE

Како самата менструација да не е доволна, жените во ПМС најчесто чуствуваат и прилично непријатна болка во градите, посебно за време на допир.

Оваа болка отежнува буквално се – од едноставно облекување на градник, па се до спиење на стомакот.

Со време, жените се навикнуваат на ова, а притоа не знаат зошто се случува. Одговорот всушност е прилично едноставен.

Добрата вест е што болката во градите за време на ПМС (предменструален синдром) е сосема нормална работа и се проценува дека околу 70% од жените чуствуваат силна или послаба болка неколку денови пред менструацијата.

Лошата вест е дека помош нема затоа што овде не се работи за некакво пореметување, па „лечењето“ на болните гради е подеднакво бесмислено како и „лечење“ на менструацијата.

– Градите кај жените во овој период се чуствителни, значително поголеми, често болни на допир и можат да се јават нерамнини, поради што прегледот на градите во овој период никогаш не се врши. До ова доаѓа поради хормоните, затоа што во овој период во женскиот оганизам се случува вистински огномет од хормони кои влијаат на градите и на лимфните жлезди, велат гинеколозите.

Имено, во првиот дел од менструалниот циклус нивото на хормонот естроген расте, па поради тоа и ткивото на дојките отекува. Потоа се ослободуваат јајце клетки, а телото го зголемува нивото на хормонот прогестерон за да се зајакне ѕидот на матката.

Во превод – организмот секој месец се подготвува за бременост, па и градите се подготвуват за доење, затоа што поради прогестеронот и млечните клетки во градите отекуваат.

Ако не се случува бременост, јајце клетките се исфрлааат преку менструацијата, но градите остануваат чуствителни и отечени се додека менструацијата не започне.

Потоа работите се смируваат, ткивото повторно се сведува на нормала, а чуствителноста и болката исчезнуваат.

менструација

По мислењето на многу од истражувачите, тоа што може да помогне со болката во градите и со самата менструација е правилната исхрана и редовната физичка активност. Студиите покажуваат дека жените кои водат здрав живот имаат поблаги симптоми на ПМС, па ако ова ви претставува голем проблем, обидете се да ја исфрлите солта од исхраната која инаку предизвикува отекување, потоа намалете го внесувањето на шеќери, кофеин, алкохол и млечни производи.

Вежбањето се препорачува, но во периодот кога градите се чуствителни би требало внимателно да го одбирате видот на физичка активност затоа што трчањето не е добра идеја. Наместо тоа одлучете се за статични вежби.

РЕКЛАМИ: ---