Home LIFE STYLE Љубов и секс Зошто летото е лошо за вашата врска?

Зошто летото е лошо за вашата врска?

SHARE

Бикини, летни патувања, концерти на отворено и феноменални забави – зар летото не е најубавото годишно време?

Но, со новите истражувања на друштвената мрежа Фејсбук, токму летото е пориот кога раскинувањата се најчести.

За потребите на истражувањето користени се податоци од 2010 и 2011 година, а проучувани се сите годишни времиња и како секој од нив влијае на започнувањето и раскинувањето на врските.

Тим на истражувачи открива дека периодот околу Денот на вљубените е време која најмногу луѓето започуваат врски, додека најмногу раскинувања се случуваат меѓу мај и август.

– Ова е интересен податок, изјавила Ејми Левин, сексуална терапевтка.

– Иако анализирањето на случувањата преку друштвените мрежи не е најточно, овде сосема убаво се гледа како луѓето комуницираат меѓу себе за време на различни временски периоди.

[pullquote_right]Одмори, викенд патувања, домашни забави – сите овие случувања ви даваат можност да запознаете нови луѓе, а ако врската не ви функционира и сами ќе видите колку интересни личности има.[/pullquote_right]

Значи, што да очекуваме? Зарем не би требало сега, после тешката зима, врската да цвета? Изгледа дека не.

– Ако врската не функционира, летото е време кога би требало да тргнете по различни патишта, вели Левин.

– Сите некако се задоволни во лето, па на овој начин брзо и лесно ќе го преболете раскинувањето.

Иако се ова можете да го земете во обзир, еве и некои предлози како вашата моментална врска да ја подигнете на високо ниво.

– Зголемете го нивото на допамин. Правете ги работите кои сте ги практикувале на почетокот на врската.

– Патувајте заедно. Тргнете во некоја авантура, заено бидете љубопитни и имајте секс надвор од дома.

– Поминувајте го заедно времето, но не претерувајте. Убаво е заедно да правите рабоботи, но исто така е убаво да имате и некој на кој ќе му ги раскажете своите доживувања. Дружете се со пријателите и не дозволувајте да се заситите еден од друг.

РЕКЛАМИ:
Loading...