Home LIFE STYLE Љубов и секс 8 причини зошто не се јавил

8 причини зошто не се јавил

SHARE

Си поминавте одлично заедно, најдовте еден тон заеднички теми, зборувавте со часови, разменивте броеви и бевте сигурни дека ќе ви се јави. Но, не се јавил, и сега се прашуваш: „Зошто?! Како?!“

Прочитајте ги 8-те можни причини зошто твојот телефон не заѕвонел.

Чека ти да му се јавиш

Дали и тој тебе ти го даде бројот? Ако тоа се случај, тогаш можеби чека ти да ја преземеш иницијативата. Веројатно се прави ладен и чека да види што ти ќе превземеш во врска со тоа. Некои типови едноставно се играчи кои сакаат да си играат. Секако, ова сценарио функционира само во случај ако ни ти ни тој не сте рекле дека ќе се јавите први.

Го изгубил твојот број

Се се случува. Ливчето му испаднало од џеб, дождот му го намокрил хартивчето па сега од ралеаното мастило не може ништо да прочита. Му се расипал телефонот, случајно го запалил новчаникот и уште 25.478 различни сценарија во кои твојот број се исгубил. Можеби се работи за лоша среќа. Кога целиот тој терет ќе го ставиш на некој друг, ја жртвуваш можната контрола над целокупната ситуација.

Запознал некоја друга

Гад(?)! Но, пред да почнеш да го мразиш, пробај да размислиш дали некогаш нешто слично ти се случило и тебе. Сите понекогаш имаме своја среќна вечер кога ќе успееме да собереме повеќе проеви со добитна комбинација, па на крајот се двоумиме на кој да се јавиме прво.

Ти рекол дека ќе ти се јави само за да се ослободи од тебе

Ништо не завршува најдобро лош разговор како реченицата од типот: „Навистина морам да одам, но дај ми го твојот број па ќе ти се јавам утре за да продолжиме онаму каде што застанавме“. Понекогаш „да“ всушност значи „не“. Ова е крајно груба тактика, но за жал, секогаш функционира.

Има девојка

Некои дечки се впуштаат во флерт само за да видат дали се сеуште пожелни за останатиот женски род. Со таквото однесување одат навистина премногу далеку.

Едно е да флертуваш, но друго е од некој да извлечеш број и да го оставиш во надеж дека ќе биде контактиран. На крајот на краиштата, биди благодарна што таков тип не ти се јавил затоа што тој е типичен пример на искомплексиран маж кој треба да го избегнуваш.

Мисли дека од тоа нема да излезе ништо

Дали некогаш си се предомислувала наутро, откако вечерта претходно со некој си разменила број? Сигурно дека да, или барем си сакала да се вратиш назад во времето кога по три месеци си сфатила дека се работи за чуден тип. Како и да е, не е ништо чудно ако се предомислил. Играчите се обично такви – вечерта му била доста напната, но по преспиената ноќ сфатил дека „ентузијазмот“ му спласнал.

Поминале три дена?

Два дена се стандард во светот на излегувањата по кои позивот обично се случува. Провери го својот календар и трпението. Некои типови мислат дека мора да се држат до непишаните правила за да те уверат дека загризале, но дека сеуште не си го фрлила на колена. Таквите, својата инспирација за заведување ја црпат од филмот „Swingers“ кој морате да го погледнете, чисто за да видите и нурнете во машкиот ум.

Си му дала погрешен број

Еј, па и ти си човек. Никој не е совршен цело време, а грешките и пропустите на сите редовно ни се случуваат.

Го удрило кола и се разбудил со амнезија

Сметаме дека понатамошно објаснување не е потребно.

РЕКЛАМИ:
Loading...