Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Ѕвездата на „Беверли Хилс“ се омажи после 8 месеци врска

Ѕвездата на „Беверли Хилс“ се омажи после 8 месеци врска

SHARE

Џени Гарт, најпозната како Кели од серијата „Беверли Хилс“ и Дејвид Абрамс се венчаа во саботата на интимна церемонија во Лос Анџелес, пишува списанието People.

– Беше тоа прекрасна ноќ, рекол парот за People.

Пред венчавката, Џени Гарт и актерот Дејвид Абрамс беа во врска 8 месеци.

Дејвид имаше помали улоги во сериите „The Hike“, „Луди седумдесети“ и „2 Broke Girls“.

– Пресреќни сме што на тој посебен ден со нас беше нашето семејство и пријателите, изјавиле тие.

џени и дејвид

Џени од бракот со Питер Фачинели има три ќерки Луси (17), Лола (12) и Фиона (8).

За актерката ова е трет брак. Од 1994 до 1996 година беше омажена за Даниел Кларк.

РЕКЛАМИ:
Loading...