Home INFO Ќе се смират или ќе завршат на суд? Нови детали за скандалот...

Ќе се смират или ќе завршат на суд? Нови детали за скандалот со Ана Николиќ

реклама:

Ана Николиќ и нејзиниот, сега поранешен менаџер Саша Мирковиќ се во фокуот на јавноста поради драматичниот крај на нивната соработка.

Николиќ пред неколку дена објави фотографија од Саша, и го нарече нечовек, а тој не и остана должен па објави неколку видео снимки кои ја запрепастија јавноста.

По сите навреди, Ана како да го промени мислењето за бившиот менаџер па за медиумите изјави дека засекогаш ќе му биде благодарна и дека постои можност за обнова на соработката по трет пат.-

– Никогаш не сум читала коментари, да сум ги читала ќе завршев во лудница, каде секако ќе завршам има време. Морам да работам сега, не читам глупави коментари. Што се однесува до Саша Мирковиќ, мислам дека нешто збркал. Или мене, или лековите. Како што и мојата мајка не сака да ги пие. Што се однесува до мене, секогаш ќе му бидм благодарна, беше тоа една убава соработка. Шест, седум месеци соработувавме. Не можеме ние двајца заедно, нашата прва соработка почна така што речиси ќе скокнев од автомобил во движење, фигуративно. Петнаесет минути тогаш траеше. Втората соработка ни траеше, еве, седум месеци. Можеби третата ќе биде подолга, ќе видиме. Постои шанса за нова соработка со него, секогаш, со нас никогаш не се знае“, објаснила Ана за српски Блиц.


И Саша спомена евентуално смирување со Ана, но под одредени услови.

„Прво мора да ми се извини и да каже кој ја натера да напише дека сум нечовек и зашто тоа го напиша, а потоа може разговор“ – напиша Саша.

Чудна е целава ситуација, од најголеми навреди до помирување. Но дали тоа ќе се случи или сепак ќе завршат на суд, останува да видиме.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------