Home INFO Денес е Иванден, се верува дека сонцето три пати застанува на небото!

Денес е Иванден, се верува дека сонцето три пати застанува на небото!

реклама:

Денес е Иванден, голем празник, а неговата големина најдобро се изразува преку обичаите и верувањата кои се почитуваат со векови.

Старо верување е дека сонцето три пати застанува на небото на Иванден, а многумина веруваат дека природата го достигнала својот врв на развој.

Иванден е денот кога се слави раѓањето на Свети Јован Крстител, а обичај е да се плетат венци од летни цвеќиња и да се палат големи брезови огнови – лили.

Ваквото палење огнови за Денот на летото е поврзано со палењето елки во пресрет на Божиќ, што значи дека зимското, божиќното сонце не сјае толку високо како летното сонце, ниту грее толку топло.

Водата добива посебна моќ, па сите се капат во реки, потоци, езера. Билките и тревите имаат засилени лековити својства, затоа се берат лековити билки и се плетат венци кои се чуваат во куќата како лек против разни болести.

Именден празнуваат: Иван,Иво, Иванка, Јанко, Јане, Јана…

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------