Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive 😜Соња од мене сакаше на направи пудлица, Аца Лукас отворено за своите...

😜Соња од мене сакаше на направи пудлица, Аца Лукас отворено за своите три сопруги

реклама:G Natural

Овој викенд во Белград се одржа премиерата на филмот за животот на Аца Лукас.

Во публиката се појавија неговата мајка Видосава Вуксановиќ, како и најстариот син Лазар Вуксановиќ во придружба на неговата сопруга Ана, атрактивна бринета со која се оженил минатата година.

И неговата ќерка Викторија, која ја има од третиот брак со Соња Вуксановиќ, беше меѓу присутните заедно со својата полусестра Софија Шашиќ, ќерка на пејачот Жељко Шашиќ и споменатата поранешна сопруга на Аца.

Инаку, Аца Лукас се женил три пати, а деталите за неговите односи со сопругите се наоѓаат и во неговата биографија “Ова сум јас – Аца Лукас”.

Мојата прва сопруга Цеца ми беше пријателка од детство, Наташа сакаше да живеам според нејзините принципи, а Соња се обидуваше да ме направи пудлица – резимирал Лукас во една реченица.

Аца и Соња се венчаа во 2010 година, а седум години подоцна настана развод со скандали и конфликти.

Пејачот никогаш не криел дека јао сакал Соња повеќе од секоја друга жена, и откако љубовта завршила.

Лукас вели дека двајцата имаат добар однос и се почитуваат поради својата заедничка ќерка Викторија.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------