Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive 🤔Саша Поповиќ откри кој е единствениот пејач со кој не разговара со...

🤔Саша Поповиќ откри кој е единствениот пејач со кој не разговара со години

реклама:

Саша Поповиќ директорот на Гранд продукција изјави дека постојано има кавги меѓу неговата продукција и одредени изведувачи но дека сепак само со еден пејач не разговара повеќе од 20 години:

– Никој друг. Само со Мирослав Илиќ не разговарам веќе 23 години. Никогаш не сме се сретнале. Едноставно, тој прекина комуникацијата со мене уште во 2000 година. Токму поминаа 23 години, иако го почитувам неговиот труд, и неговите песни секогаш се добредојдени во „Ѕвездите на Гранд“ – рече Поповиќ неодамна во една емисија, според “Story”.

Да потсетиме, Поповиќ, кој денеска е креативен директор во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, неодамна призна дека дури и сам не очекувал дека продукцијата што ја основал кон крајот на минатиот век ќе постигне толкав успех.

– Искрено речено, кога го основав „Гранд“, не бев баш сигурен дека 25 години ќе биде толку успешен и дека и понатаму ќе биде најгледана шоу програма и најгледан музички програм, но еве, го доживеавме и тоа, така што навистина сум среќен и задоволен и се надеваме ќе продолжиме вака до 30 години постоење на „Гранд“, а после ќе видиме како ќе биде – изјави Поповиќ за “Grandonline”.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------