Home INFO 10 модни парчиња што секоја жена треба да ги поседува до својата...

10 модни парчиња што секоја жена треба да ги поседува до својата 30-та

реклама:Велигден со Стаф

Парчињата облека што можете да ги носите на разни начини се впрочем оние што никогаш не излегуваат од мода и треба да инвестирате во нив до 30-та година, без оглед на стилот кој го практикувате.

Во продолжение направивме селекција на десет парчиња облека за различни пригоди кои се лесно адаптибилни за сечиј вкус.

Фармерки

До 30 години морате да го пронајдте кројот на панталони што одговара на вашата конституција. Сега не е време за експерименти, затоа тргнете во потрага по совршениот чифт. Фармерките можете да ги носите во различни комбинации и за различни моменти.

Малиот црн фустан

Тој е императив во вашиот гардеробер. Овој црн фустан треба да има посебно место на закачалка, а за секоја прилока кога не знаете што да облечете а треба да изгледате како вистинска дама, тој е вашето решение.

Црно сако

Може да се спојува со дневни и вечерни парчиња, со панталони, здолништа, фустани, едноставно сакото е исто така меѓу најважните парчиња што морате да ги имате. Добра инвестиција е и никогаш не излегува од мода.

Модерен капут

Обидете се да пронајдете безвременски модел на капут кој ќе можете да го носите и за опуштени, но и свечени варијанти. Кројот е пресуден затоа, обидете се да го пронајдете оној најдобриот според вашата градба и да го носите подолг период.

Бела кошула

Никогаш не треба да останете без бела кошула. Одлична е за на работа, деловен состанок, па дури и за романтичен состанок. Потребен ви е само впечатлив ѓердан и спремни сте да зрачите со маркантност.

Маичка на пруги

Легендарната Коко Шанел ја подигна популарноста со морнарската маичка. А денес ја носат и стари и млади. Изгледа свежо и модерно, а исто така лесно може да се комбинира речиси со се.

Класични салонки

Ако се уште не се купиле класични салонки, тоа нека бидат црни иили беж, но не претерувајте со потпетицата, бидејќи некогаш ќе треба да ги носите и преку ден, па ке мора да издржете подолго време на нозе.

Балетанки

Не секоја девојка и жена ги сака, но барем обидете се да најдете некој поексклузевен модел во кој ќе вложитре доволно за да можете да ги спојув ате со повеќе комбинации,а сепак да се чувствувате самоуверено како кога сте на високи потпетици.

Чанта која одговара со се

Чаната ја носите секој ден, а мора да имате една што ќе можете да ја носите постојано. Затоа, инверстирајте и не се штедете во некој квалитетен модел кој ќе го обожавате.

Едноставен ѓердан

Минималистичките парчиња накит се безвременски и никогаш не излегуваат од мода. Ако не сте лубилет на сјајниот накит, лесно можете да најдете некое дискретно парче што постојано ќе биде на вашиот врат, односно ќе стане дел од вашето модерно секојдневие.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------