Home INFO „Понеделник“ диета

„Понеделник“ диета

реклама:

Оваа диета не ја држите само во текот на првиот ден во седмицата.

Таа само почнува во понеделник и трае во следните 8 седмици. Во понеделник комплетно го чистите организмот.

Иако во своето име го има зборот „monday“ односно „понеделник“, тоа не значи дека оваа диета ја држите само за време на првиот ден во неделата. Таа само почнува во понеделник и трае во следните 8 недели.

Во понеделник го чистите организмот. Тогаш јадете само 600 калории, односно намирници од растително потекло, овошје и зеленчук, пиете напиток кој поттикнува излачување на токсини од организмор, а од зачини користите исклучиво маслиново масло (не повеќе од една лажица), како и зачини од билки.

Наутро, штом станете, пиете чаша вода во која ќе исцедите половина лимон.

За време на останатите работни денови, па и во сабота, не морате да ги мерите намирниците, но бирајте ги внимателно, избегнувајќи благи работи и сувомеснати производи. Јадете риба, овошје, зеленчук, интергрални намирници.

Во недела можете да јадете се, односно и намирници кои сте ги избегнувале во текот на неделата. Сепак, немојте да претерувате.

МЕНИ ЗА 8 НЕДЕЛИ

Прв понеделник:
Појадок: 2 немасни јогурти
Ужина: чаша сок од грепфрут (без шеќер)
Ручек: 150гр. Мешана салата и 120гр. Готвен компир
Ужина: шоља чај засладен со лажица мед
Вечера: 200гр свежо сезонско овошје
После вечерата: шоља чај засладен со лажица мед

Напомена: Сите следни понеделници, односно се додека ја држите диетата, во време на ужината меѓу ручекот и вечерата, треба да се напиете шоља чај засладен со лажица мед.

Втор понеделник
Појадок: немасен јогурт и јаболко
Ужина: чаша сок од зеленчук
Ручек: 150гр мешана зелена салата и 40гр интегрален леб
Вечера: супа од зеленчук без тестенини

Трет понеделник
Појадок: јаболко и круша
Ужина: чаша сок од домат
Ручек 30гр готвен ориз и 150гр готвен зеленчук
Вечера: 250гр мешан свеж зеленчук

Четврти понеделник
Појадок: немасен јогурт и половина исецкана банана
Ужина: чаша јаболков сок, без додаток на шеќер
Ручек: 150гр готвен грав и 150гр мешана зелена салата
Вечера: 70гр суво овошје

Петти понеделник
Појадок: 2 немасни јогурти
Ужина: чаша сок од зеленчук
Ручек: 100гр зелена салата и 40гр интегрален леб
Вечера: 2дл супа од зеленчук, 150гр сварени моркови во сипа и лажица изрендано сирење

Шести понеделник
Појадок: јаболко и круша
Ужина: чаша сок од домат
Ручек: 100гр компир и 50гр праз и кромид готвени на пареа
Вечера: 200гр салата и немасен јогурт

Седми понеделник
Појадок: немасен јогурт и половина сецкана банана
Ужина: чаша сок од зеленчук
Ручек: 250гр готвен јачмен, зачинет со масло и лажица сос од соја, 100гр тиквички готвени на пареа
Вечера: 100гр семки од соја и 2 интегрални кекси

Осми понеделник
Појадок: немасен јогурт со исецкано јаболко
Ужина: чаша сок од јаболко без додаток на шеќер
Ручек: 2 суви интегрални кекси и шоља кафе со малку немасно млеко
Вечера: 2 парчиња ананас

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------