АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Пејачката Милица Тодоровиќ се појави на настан во Сава центар и се огласи пред медиумите за својата состојба по породувањето, како и за периодот низ кој поминува.

Таа истакна дека се чувствува добро и дека сè е во најдобар ред со неа и со бебето.

„Одлично сум, одлично е бебето, супер сме сите“, изјавила Милица, нагласувајќи дека семејството ѝ е стабилно и дека моментално најмногу се посветува на мајчинството.

Пејачката не сакала да навлегува во дополнителни детали за приватниот живот, но нагласила дека во овој период најважни ѝ се мирот и здравјето на детето.

РЕКЛАМИ: