Home INFO И се заканувал дека ќе и ги земе синовите: Детали за односот...

И се заканувал дека ќе и ги земе синовите: Детали за односот на Бритни Спирс со татко и во нов филм на Нетфликс

реклама:

На 28 Септември, ден пред закажаното судско рочиште на Бритни Спирс и нејзиниот татко, на Нетфликс ќе се емитува премиерата на документарецот посветен на Бритни Спирс.

Dejli Star пренесе дека поп пејачката му открила на адвокатот дека нејзиниот татко Џејми Спирс и се заканувал со одземање на синовите.

Со години трае сагата на Бритни, откако по нејзиниот нервен слом, судот го назначи татко и за нејзин старател. Се појавија многу гласини дека татко и ја третира буквално како затвореник, а нејзините фанови покренаа и иницијатива за нејзино ослободување од прангите на сопствениот родител.

На почетокот од разводот со музичарот Кевин Федерлајн, тој и Бритни имаел заедничко старателство над нивните малолетни синови, но подоцна неговиот адвокат одлучил дека во најдобар интерес за децата е таткото да се грижи за нив.

Пресвртот во судската постапка се случи кога неодамна, Џејми Спирс побарал од судот во Лос Анџелес да се прекрати неговото долгогодипно старателство над Бритни.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------