Home INFO Му го гасат Јутјуб каналот? Петиција за забрана на Бака Прасе

Му го гасат Јутјуб каналот? Петиција за забрана на Бака Прасе

реклама:

На сајтот “peticije.online”, во соседна Србија е покрената иницијатива за забрана за емитување на Бака Прасе на Јутјуб. Оваа петиција, како што наведуваат авторите е покрената поради навредите и булингот над други јутјубери и луѓе.

– Во име на немилиот настан кој се случи, каде млада јутјуберка си го одзеде животот поради булинг насилство, навреди, понижување и закани, ги молам сите луѓе да ја потпишат петицијата да се забрани појавувањето на Бака Прасе, бидејки неговите видеа произведуваат омраза и пркос – стои во описот на петицијата која досега ја потпишале околу 4000 луѓе.

Самоубиството на 21 годишната инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ го отвори прашањето на насилството на друштвените мрежи, а јавноста во Србија и пошироко можеби по првпат сериозно се запраша кој се е пример на денешната младина.

Многумина го таргетираа Бака Прасе како еден од најодговорните за емитување на насилни и непримерни содржини на друштвените мрежи, со што негативно влијае на креирање на личноста на младите луѓе, па поради ова потребно е да му се забрани и понатаму да се занимава со ова.

Овој човек го сметам за одговорен за уништувањето на животот на десетина млади луѓе, и како пример за примитивност, невоспитаност… – напиша еден од оние кои ја потпишаа петицијата.

За потсетување, гореспоменатиот јутјубер беше приведен и сослушан, под сомнение дека извршил интернет насилство.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------