Home INFO Бабата на актерот е Украинка: Леонардо Ди Каприо со неверојатно хуман гест

Бабата на актерот е Украинка: Леонардо Ди Каприо со неверојатно хуман гест

реклама:

Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо ја воодушеви јавноста со неговиот неверојатно хуман гест.

Тој несебично донираше дури 10 милиони долари кои ќе бидат наменети за поддршка на жителите на Украина.

Актерот откри дека Украина е земја со која длабоко приврзан, од причина што неговата баба од мајка била родена во украинскиот град Одеса.

Оскаровецот пред неколку години основа сопствена добротворна организација за превенција на климатските промени, и константно апелира до политичарите да се занимаваат се посериозно со глобалното затоплување , а продуцираше и моќен документарен филм за тоа колку сме блиску да ја уништиме нашата планета.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------