Home INFO Социјалните мрежи горат: На повидок соработка меѓу Јелена Карлеуша и Канје...

Социјалните мрежи горат: На повидок соработка меѓу Јелена Карлеуша и Канје Вест?

реклама:Велигден со Стаф

Раперот Канје Вест е актуелен во јавноста по разводот со Ким Кардашијан, а медиумите периодов го поврзуваа со неколку познати девојки.

Контроверзниот рапер неколкупати направи непромислени потези со кои ја провоцираше бившата сопруга, особено откако таа е во врска со комичарот Пит Дејцидсон.

Но она што го привлече вниманието на јавноста, особено во нашиот регион е што на неговата листа на луѓе кои ги следи на Инстаграм се најде и пејачката Јелена Карлеуша.

И раперот е додаден на кратката листа на профили кои Јелена ги следи на оваа социјална мрежа.

Карлеуша е ултра популарна во регионот, но и пошироко, особено поради својот беспрекорен моден стил, иако не се за занемарување ни нејзините музички хитови.

Дали на повидок е некоја соработка, останува да видиме!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------