Хрватската пејачка Северина многу често е актуелна во медиумите. Се чини дека нејзиното скандалозно однесување ја вивна и нејзината музичка кариера.
Севе константно има настапи и заработува многу, но таа често останува без пари бидејќи очигледно не знае како да располага со нив.
За тоа говори и фактот што на поранешниот свекор, пејачот Драган Којиќ – Кеба му должи 70.000 евра.
Наводно, за време на корона пандемијата, пејачката поголемиот дел од времето го поминувала во семејната куќа на нејзиниот сопруг Игор Којиќ, а бидејќи не настапувала поради тогашните мерки кои биле на сила, парите што ги имала заштедено, многу брзо ги потрошила.
Севе побарала позајмица од Кеба, 70 000 евра кои тој веднаш и го дал, открива за српски медиум извор близок на пејачката.
По разводот на Севетин со нејзиниот син Игор, Кеба решил да и ги прости малите долгови, но не и оној од 70.000 евра.
Но, наводно, кога и се јавил на пејачката да си го врати долгот, таа едноставно му одговорила „Сега немам“.