Принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон се во складен брак повеќе години…
Во едно интервју за „CNN“ принцот Вилијам открива како ја запросил.
„Јас ја обожувам Африка. Таа земја ме смирува, а Кејт знае што значи за мене одењето таму и мојата љубов кон таа земја. Да бидам искрен немав однапред смислен план. Знаев дека тоа ќе биде на местото каде јас ќе се чувствувам пријатно. Клекнав на едното колено и ја прашав, а таа се согласи“.
Принцот Вилијам додали дека целиот момент бил многу магичен и интимен, а тој ја побарал Кејт за жена со прстенот од неговата покојна мајка, Лејди Ди.
Инаку запросувањето се случи во 2010-та година во Кенија.