Ријана во последните неколку недели експериментира со нови фризури. Поп-ѕвездата беше фотографирана во Њујорк со нов имиџ.
Откако во март драстично ја скрати косата и ја промени бојата, пејачката сега ја обликува на различни начини.
Причината за нејзината нова фризура е нов бизнис. Ријана лансира нова линија на производи за нега на коса, што е најновата експанзија на нејзиниот бренд „Fenty“.
Таа нагласи дека линијата ќе вклучува формули за обновување, погодни за сите типови коса.
„Ја имав речиси секоја текстура, боја и должина на коса, затоа лансирам приспособлива линија на производи за зајакнување и обновување на сите типови коса“, изјави таа.